r e : v o l t

revolt: the film // revolt: филм


re:volt: the project // re:volt: проект


news // вести


past re:volts // претходни re:volt


artists // уметници


partners // партнери


press // прес


contact // контакт


 


Revolt e аматерски филм кој Стефан Сидовски го снимил во 1977 година во Скопје, Македонија.
Подолу има текст за филмот напишан од самиот автор во 2014:

Филмот „Револт“ како бунт против искривената социјалистичка реалност

Во далечната 1977 година е снимен филмот „Револт“ , во продукција на кино клуб Камера 300, Скопје.

Првичната намера беше да се сними современ игран филм од 30 минути, исклучиво за млади бунтовници кои што беа против идеологизацијата на свеста и стварноста, наспроти реалноста со негативните појави, од непотизам и кариеризам до партиски привилегии и протекционизам.

Филмот воедно беше реминисценција на студентските немири во Белград како и на Мајските студентски демонстрации во Европа, во 1968 година. Во тие децении на 20-тиот век се веруваше дека може да се промени светот и дека филмот како медиум со документарна или наративна структура ќе придонесе за похуман свет. И Револт е снимен со таква цел. Јас како автор сопствениот бунт го изразив преку студентите кои глумеа во филмот, кои што исто така го носеа во себе револтот против постоечката социјалистичка стварност која не соодветсвуваше со она што се учеше и студираше во школите и факултетите. Овој филм не беше против самоуправниот социјализам, туку исклучиво против искривувањето и идеологизацијата, а се залагаше за демократизација на целокупниот општествен живот, без монопол на Сојузот на Комунистите над мислењата и начинот на живот на граѓаните.

Со оглед на аматерските технички можности филмот не беше реализиран според идеалните очекувања, какви што ги посакував. Но, сепак, бев задоволен од тоа како го реализирав и после 3 и повеќе децении филмот е мошне актуелен, современ и секој млад бунтовник се пронаоѓа во бунтот што филмот „Револт“ го содржи. И во тоа е трајноста на овој филм.

Стефан Сидовски, Скопје, 2014.